Quantcast
Channel: КАПИТАЛ »Коментари и анализи
Viewing all articles
Browse latest Browse all 77

Оваа власт може да се урне единствено самата себе!

$
0
0

Zikov-kolumna

[freetext]
Zikov-kolumnaПоединци на високи функции во СДСМ се однесуваат како да е партијата огромен кибуц на членови во замрзната состојба. Во која садомазохистички седиш и трпиш малтретирање десет години од ВМРО ДПМНЕ, за да потоа онака инаетливо се решиш да се вработиш во јавната администрација во стилот – сега ќе видите вие што можам јас да ви направам ! Па седнале во тв студијата и по цели вечери раскажуваат бајки за демократијата и перспективите на Македонија, без да се симнат на земја и да се соочат со реалноста ... Каква е, вистинската Македонија која тие реално не ја познаваат! Оти со пауза од пола час од работа во бирократијата - бурек, јогурт и едно еспресо испиено во скопската магла, не можеш да ја видиш и почувствуваш Македонија! А не па да направиш нешто добро за неа ...
Нема иднина оваа земја каде над 50 луѓе во моментот се гледаат на местото претседател на државата, а еден милион луѓе кројат планови како да влезат на работа во јавната администрација! Банките своите најголеми профити ги прават од каматите и затезните камати, за кредити кои ги поделиле токму кај јавната администрација оти таму пласманите се најсигурни, оти платата редовно доаѓа! Приватните фирми удавени во својата немоќ спасот го чекаат од државата!? За каква перспектива на држава зборуваме ние? Она што ние не смееме да го заборавиме е „груевизмот„! Има Македонија капацитет да произведе такви ликови кои ќе малтретираат. Има некои и денес во оваа власт. Што беше груевизмот? Груевизмот, во своето најслободно толкување беше глобална спиритуалистичка сеанса во подзапалена куќа на духови! Сите присутни знаат дека куќата гори и гледаат дека водачот на култот зборува од стомак, но оние кои се поткупени тоа да не го кажуваат гласно – ентузијастички ги тепаат сите кои сакаат да избегаат од куќата! Во една друга моја колумна пред четири години, на која деновиве случајно наидов, а повикувајќи се на некои балкански и македонски текстови напишани од умни луѓе, сум напишал: „Лордовите на мафијата„ разни носители на државни функции и сопственици на капиталот – тој невидлив управен одбор на Македонија – половината од нив олоши кои тргнаа со амбициите да бидат Кенеди, а на крај завршија во капутот на Дон Корлеоне, а другата половина кои почнаа како Дон Корлеоне со амбиција еден ден да бидат Кенеди ... Токму тие 27 години независна држава Македонија перманентно ја усмеруваат земјата кон пропаст. И секогаш, во сите тешки ситуации, како по правило: Тоа што не можеше да го среди некоја претпоставена македонска мудрост, секогаш од говна не вадеше, надалеку познатата македонска немоќ ... Важно е денес да се потсетиме на бруталности и дисторзии што не сме можеле да ги поднесеме во претходните десет години, а некои говнарии и во децении наназад. Важно е, и покрај нашето надалеку познато кратко паметење, да не заборавиме, особено не сега, откако излетаниот воз (не мислам на оној пред неколку дена кај Кичево) го вративме на шините и за видно чудо историско, го погодивме и правецот накај Европа. Оттука, Македонија и нејзината власт (СДСМ-ДУИ, со се сите стандардни ликови во распоредот на широката коалиција) во моментов, со се сите нас во она што се нарекува македонско широко општество, сите ние сме закачени на шините. Евроатлански интеграции. Тука нема дилеми. НАТО е веќе реалност. Затоа овој текст има важност на предупредување, особено во момент кога некои поединци и во оваа власт пројавуваат груевистички стил на поимање на нештата, и без јасна критичка мисла и став како да се решат длабоките македонски дефекти – право, корупција, подобрување на економската перспектива на земјата и креирање еднакви можности за развој на сите нејзини граѓани. Го слушнавме деновиве и Рајнхард Прибе, кој директно, па и брутално ни кажа дека сме на добар пат, но со тоа што европската интеграција ќе оди многу тешко, оти на тој пат се потребни длабоки реформи во сите сфери на ова наше, во својата длабока суштина, примитивно општество. Европската Унија е на дофат, но за конечен влез во тој клуб на „договорени и индуцирани вредности„, ќе мора да поминеме низ нови и нови катарзи соочувајќи се сами со себе. Значи претстои пресметка самите со себе ...!? Со други зборови, она што за нас е важно, е се што ќе правиме во иднина, сега откако го дигнавме знамето на НАТО пред владата, треба да го правиме секогаш со една мисла во главите дека – и на Турците им тргна историски откако си заминаа од тука ...
Може ли Буџетот да ги издржи платите во јавниот сектор?! Понатаму капацитетот на вработените во јавниот сектор! Размислуваме ли кое е тоа македонското стопанство што под вакви услови и со ваков низок капацитет на администрација, а голема на број, е способно да генерира приходи во буџетот од 3 милијарди евра? Сме се запрашале ли како македонското стопанство ги прави овие пари, за да се финансираат овие неодговорни вработувања во државниот сектор?
Македонија е земја со 10 милијарди долари бруто домашен производ (БДП) и над 50% од БДП задолженост. Голем дефект во менаталитетот овде е што живеат граѓани кои единствениот излез од сиромаштијата и својот личен напредок го гледаат со ангажман во бирократијата, следствено овде масовно се членува во политички партии како форма на забава во услови на отсуство на работа. Потоа од партијата се чека некаква работа без работни задачи, се разбира откако ќе дојдат на власт. И се така во круг. Македонија е земја чиј приватен сектор (фирми и претприемачи) не се разбрани од бирократијата и државниот менаџмент во елементарната суштина дека - приватниот сектор го полни буџетот за да бирократијата зема плата (а платите на бирократијата се поголеми од платите во приватните компании !?, што е ретардирана состојба самата по себе). Земја со годишен буџет од 3,7 милијарди евра, за кој секој што разбира државни финансии и Буџет, ќе се замисли длабоко и долго пред да ви одговори на прашањето – како ли само годишно се создава оваа сума на средства како купче за трошење!?! А Македонија е и земја во која владините преставници јавно ќе ви кажат дека е нормално што нивните од партијата, секојдневно брутално и некритички, се вработуваат во јавната бирократија, оти, замислете десет години биле на удар и биле жигосани од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се ставови искажани без емпатија. И без одговорност. Каква е оваа мантра!? Ако не си член на партијата – слободно можеш да умреш. Какво општество се гради овде? Кои сте бре вие луѓе кои секојдневно вработувате ваши роднини во бирократијата за без работа да земаат плати и хонорари од Буџетот? За што вие се залагате во 2019 година, дваесет години во 21 век? Што е вашата генерација? Која е вашата песна? Мото? Што пишува на вашиот беџ? Имате ли порака? Кому верувате? За што копнеете? За 500 евра едвај во администрацијата, без јасна проекција кога ќе напредувате и за колку пари? И дали воопшто ќе ја работите бирократската работа за 5 до 7 години, откако неминовно земјата ќе помине низ брутални реформи. Кои се вашите книги? На што се радувате? Кои се причините за вашето постоење? Зар ќе се помирите со судбината на генерацијата произведена во троминутна аритмична средба на несреќниот сперматозоид и уплаканата јајце клетка? Кому и што отплаќате со ваквата судбинска приказна во која сами си доделивте улога на жртва која нема каде! Нема каде, па мора во јавна администрација по секоја цена!?! Зарем да работите во јавна администрација, да го минувате денот со четврт бурек, јогурт и едно еспресо, потоа да се закачите на порталите и да „булите„ во целулитот на Ким Кардашијан ... Зарем тоа е вашата цел како генерација на македонската одржлива иднина!?
Сурова стварност треба да ја смениме.
Од каде доаѓа сето ова? Сакам да се надоврзам на еден мој статус неодамна напишан на социјалните мрежи: Нема иднина држава во која најмалку 50 луѓе се гледаат во улогата на претседател на државата, а еден милион граѓани размислуваат како да се упикаат на работа во јавна администрација! Особено нема иднина држава во која владините структури и поединци таму размислуваат на тој начин. Ова е голем проблем за Македонија во сите нејзини години на независност. Скапо ќе не чини фактот што не мислиме ...Може ли Буџетот да ги издржи платите во јавниот сектор?! Понатаму капацитетот на вработените во јавниот сектор!Размислуваме ли кое е тоа македонското стопанство што под вакви услови и со ваков низок капацитет на администрација, а голема на број, е способно да генерира приходи во буџетот од 3 милијарди евра? Сме се запрашале ли како македонското стопанство ги прави овие пари, за да се финансираат овие неодговорни вработувања во државниот сектор? Оттука, овој уникатен македонски проблем и немоќ не може да се реши само со техничка реформа (изразување волја, техничка промена на збир на закони и неколку персонални промени во владините ешалони... тоа така не се реформира) ... Решавањето на овој проблем е всушност големото прашање на опстанокот! Клучна потреба е инсталирање нов прогресивен менталитет кај секој поединец во оваа земја! Менталитет. Промена. Видливост. Идентитет со кој ќе парираме на повеќето идентитети во Европа. Станува збор за работните навики, нагоните за личен развој како основа на можниот начин за излез од материјалната, но она што е поважно од духовната сиромаштија ... Решението не е во јавната администрација, или не е единствено таму, со тоа што законите ве заштитиле како бели мечки и ви обезбедиле 400 до 500 евра нето. И толку. Кога ќе ја зголемите платата? Кога ќе сработите нешто конкретно убаво, креативно ... Ќе ве исполни ли таа работа во јавниот сектор или од вас ќе произведе зомби ... Еден убиствен просек! Што ќар ќе има државата од синот и братот на онаа пратеничка од СДСМ, кои во еден ден се вработиле на никакви позиции во ЕЛЕМ!? Е сега .... Како да се реализира оваа суштинска реформа која и нема баш врска со гласања во Парламентот? Е ... Тоа е големата тема за Македонија ... Од каде да почнеме со промената? Ајде да почнеме со истакнување на позитивните примери околу нас ... Но, пред тоа да одговориме на прашањето ... Кој ја прави промената? Промената ја прават поединците со своите успешни приказни. Само Горан Пандев и Енис Барди имаат годишни приходи поголеми од пет, десет македонски познати компании! Свесен ли е некој за ова? Допира ли до некој потребата да се зборува за перспективите на македонскиот приватен сектор? Оти, промената ја прават тие во приватниот сектор, ја прават и претприемачите кои храбро инвестираат во своите фирми низ Македонија, спортистите, уметниците, докторите... Раскажуваат херојски приказни! Но, за нив нема место на телевизиите и во весниците! Оти како што велат во владејачката СДСМ - нивните членови биле малтретирани и жигосани од власта на ВМРО-ДПМНЕ!           [/freetext]

Viewing all articles
Browse latest Browse all 77

Trending Articles