Quantcast
Channel: КАПИТАЛ »Коментари и анализи
Viewing all articles
Browse latest Browse all 77

Што виде Заев за 2 години, што не виде Груевски за 11!?

$
0
0

Zikov-kolumna

[freetext]
Zikov-kolumnaЛидерот на СДСМ Зоран Заев, не само што не влезе во трка за претседател на државата, што неколкумина околу него, токму тоа неискрено му го предвидуваат и посакуваат (!?), тој со одлуката да не оди на предвремени парламентарни избори, всушност влезе во ризикот на се или ништо! Или реформи – резултати - па на редовните победа во 2020 година, или заминување од власта! Тоа е лидерство, драги мои!
А како во оваа ситуација ќе одиграше Никола Груевски, осудениот и избеган долгогодишен премиер на Македонија!? Ќе одеше на избори секако ... за да не го уценуваат, хахахa.
СДСМ одлучи да нема предвремени парламентарни избори. Периодов не сретнав човек кој следи македонска политичка сцена, а да не се замисли – со кој памет лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бараше избори!? Згоден момент е, после една ваква одважна одлука на лидерството на владејачката партија, која сигурно е донесена во договор со својот коалицонен парнер ДУИ, да ја тестираме и анализираме уште еднаш разликата меѓу Зоран Заев и Никола Груевски, во нивното индивидуално политичко делување, особено во вакви пресвртни моменти!? Ќе се согласиме дека Зоран Заев можеше сега оди на избори парламентарни и секако да добие нов четиригодишен мандат! Мојата теза е дека Груевски тоа сигурно ќе го направеше!? Се согласувате нели?
Како ќе одиграше Никола Груевски?
Осудениот бегалец во своите златни времиња ваквите чисти ситуации за гол не ги пропушташе. Да победи, да згази... Тој сега сигурно ќе одеше на предвремени парламентарни избори! Во таквите моменти на самозадоволство и онанија, интересите на државата паѓаа во втор план, а интересите на партијата ВМРО-ДПМНЕ и неговите лични, стоеја високо горе. Се слуша добро тоа и во „бомбите„! Ќе излезеше тој лично и ќе кажеше, ајде да излеземе на избори штом сакате! Народот знае како ќе гласа! Го повикувам народот да гласа за ВМРО-ДПМНЕ! Дајте ми 61 пратеник за СДСМ и Албанците да не ме уценуваат во Парламентот во носењето на законите (народот долго му даваше толку пратеници), а тој освен што не беше уценуван од никого, всушност и ништо специјално не реши во Парламентот. Она што беше евидентно е што после секои избори го јавнуваа се посилно и посилно Буџетот, ги трошеја парите (слушаме од бомбите како), се до некои следни избори за брзо време, за две години, кога се вртеше истата песна. Истиот фолклор, истите пејачи - „Бате бе само ние работеме у ваа држава, никој ништо не работе„ ... Тие најпаметни, тие најработливи, се тие знаат, никој друг ништо не знае ... Овој каков таков народ е прост ... Нивните бизнисмени (кои како сончогледи сега ги гледам и во редовите пред Заев, како му се колнат за трошка државна зделка) беа најспособните, оти, нели, тие од прадедо се капиталисти со буржосаки манири тука по течението на говната на Вардар. Демек тие се по строгата дефиниција на македонска ДНК тешки капиталисти, аристократи, родени буржуи, а не се социјални случаи од кои многумина од нив до 1990 година со петокраката исклесана на чело, беа декорот на најсуровиот пролетерјат на југот на СФРЈ!? Плажите на Дојран и Платамона им беа крајниот дострел. Е тие се наметнаа како главни капиталисти! Тоа беше власта на Груевски со се неговите привезоци. Тажно.
Зоран Заев има несекојдневна прилика сега да покаже една друга инклузивност освен онаа за политички цели. Ако досега му требаа граѓански активисти, политичари од сите партии и пратеници во парламентот и тешки неподносливи компромиси, за да го турка големиот проект кој ја донесе големата промена, сега му требаат вистински професионалци кои си ја знаат работата, поставени на клучните места на она што значи „идна македонска машинерија„ или обид да се создаде такво нешто! Машинерија за реформи.
Националистот Груевски на кој устата му беше полна со „народот„ со ваквата реторика, многупати договорена со коалициониот партнер ДУИ, после ваквите свои изјави предзивикуваше „индуциран национализам„ кај Албанците и албанските партии како реакција на неговиот – да не ме уценуваат Албанците! Особено владејачката ДУИ! Демек сега во налетот на македонскиот национализам на ВМРО ДПМНЕ, ДУИ силно ги брани албанските национални интереси! И така едните си победуваа во македонскиот блок, другите во албанскиот блок и среќно си живееја додека не дојде шумарот и ги избрка од шумата. Додека Груевски на крај не беше принуден да избега. Таквото владеење не даде никаков резултат за аир за државата. Таквото владеење даде одличен резултат за материјално финансиската состојба на секој член или близок на тие влади на Груевски ... Или блиските до нив кои секојдневно дилаа со нив се и сешто ... И тоа го слушаме од бомбите ... Каде е овде интересот на Македонија? Никаде ...
Како одигра Зоран Заев?
Со последната одлука да не оди на предвремени парламентарни избори, Заев на македонските граѓани, не на народот, им кажа дека нема потреба од 61 пратеник за остварување на стратешките цели на Македонија (уште помалку на СДСМ). Тој всушност ова не го кажа сега, туку го покажа периодов наназад градејќи го мнозинството во зоната од 49 пратеника со колку го почна владеењето до 81 пратеник со колку после две години го изгласа Преспанскиот договор со Грција. Оттука, анализата кажува дека кога владеењето ќе го усмериш кон конкретна цел за успех на државата, на еден прецизно дефиниран проект, тогаш полека, но сигурно градиш и мнозинство - група луѓе кои веруваат во проектот, целта и лидерот. Ова е правилно ... На американската политичка сцена тоа го дефинираат како прагматизам. Толку важен за политиката. Прагматизмот на Заев кој влече напред, наспроти фатализмот на Груевски кој не водеше никаде. Или како што напишав пред некој ден – ако Груевски од Будимпешта порача дека марионетската влада на Заев не однесе во НАТО, јас од Скопје му порачувам дека неговите клептомански влади не не однесоа никаде ...!? Нејсе, сега после последната одлука на СДСМ да не се оди на предвремени парламентарни избори работите стојат прилично чисто. Ако на сево ова се додаде и определбата на Заев за консензуален кандидат за претседател на државата однапред утврден, пред се од коалиционите партнери, а потоа општо прифатен и од сите, или голем број политички чинители, и граѓански активисти, тогаш мојот заклучок е дека неговата определба е да имаме во голема мерка досадна политичка пролет од аспект на изборните случувања. Од аспект на динамиката на Парламентот, тоа ќе биде пеколна пролет. Многу проекти важни за евроинтеграциите на Македонија ќе треба да поминат во релативно краток период низ Парламентот. Мислам дека е тоа добро за кондицијата на државата, а што директно ќе влијае и на кондицијата на македонската економија. Долго време немавме периоди на„запалени оџаци„ , што би рекле големите светски инвеститори! Еве ја сега Македонија во тој филм. Бизнисот е ослободен од изборите и се што тие носат. Вистински услови оваа година да биде навистина економска година за Македонија. Јас би рекол како никогаш досега. Нека ми биде дозволено овде да кажам дека годината можеме да ја завршиме со минимум 4% до 4,5% раст на економијаста. Раст кој би бил основа догодина 2020 да пукаме на 5% раст. Да, да, остварливо е тоа ... Мојата слободна проценка вели дека после 28 години независност конечно влегуваме во можеби најдобриот период за економски раст на економија.Членство во НАТО со што ја бетониравме безбедноста и стабилноста, почеток на преговори со ЕУ, со што отвораме многу голема перспектива за економијата, реформи на правниот систем и борбата со криминалот, образованието и инвестициите, пропратено со финансиски инекции, и отсуство на избори до 2020 декември ...!? Треба да сме совршено глупави да не го искористиме овој период. Оттука, Зоран Заев има несекојдневна прилика сега да покаже една друга инклузивност освен онаа за политички цели. Ако досега му требаа граѓански активисти, политичари од сите партии и пратеници во парламентот и тешки неподносливи компромиси, за да го турка големиот проект кој ја донесе големата промена, сега му требаат вистински професионалци кои си ја знаат работата, поставени на клучните места на она што значи „идна македонска машинерија„ или обид да се создаде такво нешто! Машинерија за реформи. Која треба да ја носи земјата во континуиран економски раст. Тоа е конкретна и мерлива работа. Станува збор за нешто што не е збир на празни зборови искажани на прес конференција или на телевизиска емисија.             [/freetext]

Viewing all articles
Browse latest Browse all 77

Trending Articles