Quantcast
Channel: КАПИТАЛ »Коментари и анализи
Viewing all articles
Browse latest Browse all 77

Поматена перцепција

$
0
0

Rudi-glavna

Rudi-vnatreПрвиот круг помина. Резултатот покажа еден поматен поглед на гласачкото тело за иднината. Всушност, ја покажа поматената перцепција на секој гласач, без разлика дали гласал или тивко бојкотирал. Ова се избори за Претседател на Северна Македонија, а не парламентарни избори. Во вториот круг за тоа место останаа двајца кандидати. Кандидатите имаат дијаметрално спротивен имиџ како одраз на нивниот личен карактер, но, и екстремно спротивни погледи во практикувањето на иднината на државата и граѓаните. Кратко речено, дијаметрално спротивни погледи на Вашата иднина.
Што застапува Гордана Сиљановска Давкова?
Кандидатката настапува со имиџот на лигава самобендисана научничка каде нејзиното его е пред возрасните гласачи, кои во нејзината перцепција делуваат како нејзини поданици. Настапува како независен кандидат, што е врвен цинизам на нејзината самобендисаност. А всушност настапува под капата на потписите на нејзината партија. Инаку, ако треба да собира лично потписи, убеден сум дека нема да собере ниту повеќе од пет лајка како на лесковачката социјална мрежа наречена фејЦбук. Затоа и се случи поматеноста во перпецијата во нејзините партиски редови. Таа упорно си ја надградува својата лигава самобендисаност, а партијата слави победа во Кисела Вода. Како да бираме Претседател на Кисела Вода ,а не на државата.
Уште еднаш, ние избираме Председател на државата Република Северна Македонија кој има единствена цел да ги одблокира закочените процеси кон иднината согласно постоечкиот Устав и законите кои важат. Дали кандидатката се вклопува во оваа мисија? Како гласач убеден сум дека не се вклопува. Еве зошто:
Кандидатката е против Пржинскиот договор и неговите придобивки. Исто така, таа е против Преспанскиот договор, Договорот со Р. Бугарија и Законот за јазиците. Таа беше против референдумот и новото уставно име на државата Таа е на многу суптилен “ научнички” начин е и против реалноста на мултиетничкиот концепт на државата. Таа ниту на најсамобендисан “научнички” начин не може да ги одрече погорните факти, без разлика на нејзиното елоквентно лигавење во барањето гласови од поданиците. На овие избори се гласа за две спротивставени опции. Дали ќе го одблокираме процесот и ќе продолжиме кон иднината или ќе се враќаме кон замислената иднината на овој самобендисан кандидат. И ништо повеќе.
Што застапува Пендаровски?
 Кандидатот застапува јасна и остварлива мисија кон иднината на државата. Делува како практичен и разбирлив кандидат за секој гласач. Тој покажа дека нема никаков проблем со мултиетничкиот концепт на државата, со Пржинскиот договор, новата билатерална слика со соседите. Најкратко речено, нуди разбирлив и остварлив концепт кон иднината. А тоа е единственото нешто што го интересира возрасниот и рационален гласач. Нормално, никој не е идеален ниту пак тој. Но сигурно не е виновен за ѓубрето и сметот во Скопје, за дивеењето на градежната мафија. За непотизмот и корупцијата. За блокираните реформи во судството и службеничкиот сектор. За хаотичните реформски потези на владата. За неостварените лични соништа и желби на шарените умислени интелектуалци.
 Ова не се избори за нова влада. Ова се избори за една од двете понудени опции за иднината на државата. Пендаровски нуди продолжување по патот кон иднината. За разлика од против кандидатот кој сака да ве однесе назад кон самобендисаната лично умислена иднина. А притоа не ви кажува што е Денот Потоа. Овие избори се само за таа цел и ништо повеќе.
You are free to go on 5th of May! Одберете. Возрасни сте да просудите.
 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 77

Trending Articles