Quantcast
Channel: КАПИТАЛ »Коментари и анализи
Viewing all articles
Browse latest Browse all 77

Два примери за нашата неискреност и деструкција

$
0
0

Zikov-kolumna

[freetext]
zikov za kolumna-2Сега, откако заврши триесет годишниот проблем со Грција, мојата слободна проценка е дека Македонија е пред нова длабока агонија ... Тоа е предизвикот, низ длабоки реформи во сите сфери на живеење, со присила и присмотра на ЕУ, да се придвижи земјата во речиси невозможен правец!?
Како стојат работите по долината на Вардар? Особено ако им се мери паметот на некои министри, пратеници, останати политичари од власта и опозицијата/Македонци и Албанци ... Сега, откако заврши безмалку триесет годишниот проблем со Грција, мојата слободна проценка е дека Македонија е пред нова длабока агонија ... Тоа е предизвикот, низ длабоки реформи во сите сфери на живеење, со присила и присмотра на Европската Унија, да се придвижи земјата и општеството во речиси невозможен правец!? А тоа е отпочнување на длабоките процеси на менување на менталитетот на граѓаните и администрацијата, навиките, многу работа, ризици од губење на работното место (и во администрацијата) врз основа на суштинските и легитимните правила на пазарот на труд, следствено менување на законите кои ја дефинираат јавната администрација за кои закони како никогаш во кратката таканаречена демократска историја во независната држава, власта и опозицијата СДСМ и ВМРО ДПМНЕ со се албанските партнери, имаа недвосмислен бетонски консензус, потоа инсталирање на вистинска пазарна економија врз јасни столетни принципи што егзистираат на пазарите во цела Европа и преку океанот ... Мониторинг на трошењата на буџетските средства за што постои посебна глава во Преговорите со ЕУ што во блиска иднина треба да почнат, а тоа едноставно е реформа на Буџетот. И уште илјада други нешта ... Јас на ова велам – е сега ќе процветаме ... Ќе има смеа !? Или како што вели еден мој пријател ... гледај сега како ќе се покакаме ... Како се ова и уште многу други системски искривени нешта, ќе ги реформираме, и земјата да почне да мрда кон членството во ЕУ. Како кога упорно сакаме да останеме со овој менталитет насаден од дамнина и никогаш не променет ни малку ... Граѓани, следствено политичари, без амбиција за развој, без нагон за менување и реформи, без емпатија за проблемите на останатите околу себе, криминогени во паметот, сиромашни во духот, неизлезени од Скопје, а не, пак, од Македонија ... со крајно деструктивни намери, насадени во државните служби преку „крајна непотистичка нужда„, или валкан меѓупартиски договор под маса ... Корупција, нелојална конкуренција и колосални финансики и политички скандали. Ова е стварноста денес. Она што е сега важно е да не ги закопуваме главите во песок како ноеви. Напротив, да ги дигнеме главите одважно, но силно да се соочиме со фактот дека ако сега во овој момент не почнеме со нашата „општествена метаморфоза„ не само што ќе се соочиме со бруталноста на европските пишани процедури за напредок и прием, туку и со суровата нова реалност дека во догледно време, во Македонија ќе останат да живеат и работат следните категории граѓани: јавни административци, пензионери, социјални случаи, нотари, извршители и политичари, некои тендераши кои ќе продолжат да „лижат државна Нутела„ и тоа е тоа ... А примери за се ова што го пишувам има многу ... Еве два кои се директна илустрација на нашата општествена и државна бизарност и деструктивност ...
Додека пазарџиите ги ставија во менгеме да плаќаат такси и придонеси, во исто време, во паралелен универзум Агенцијата за телекомуникации ја зголемува платата на своите вработени. Ќе речете што има врска едното со другото? Има, има ..Тоа е отсуство на смисла за реформи, отсуство на нагон за чесно работење, некој преку надоместоците и на грбот на пазарџиите сака драматично милионски да се обогати.Ало, Артан Груби, Бектеши, град Скопје се слушаме ли?!
Зголемувањето на платите во Агенцијата за телекомуникации!?! Оваа државна Агенција отсекогаш има драматично високи плати. Лапаат, шетаат, јадат, пијат а во суштина ништо не работат. Буквално ништо. Тие се нешто како патарините по автопатите. Само што кај нив плаќаат телекомите. Еден нивни долгогодишен генерален директор од бандата на Никола Груевски, кој го фаќаа во кафана со „певаљка„ на која и лепеше стотици и илјадници евра, па скапи нови години, од неработење и гнетење на државна сметка се беше направил 200 килограми. По цели денови седеше во фотелјата, ја расклатил и ебал матер, и на крај, кажуваат од внатре, морале да ја фрлат, иако била чисто нова ... Не го собирала фотелјата, ја триел кожата, па ја скинал, и го смачкал механизмот. 200 килограми станал директорот на Агенцијата за телекомуникации, која од кога е основана се дави во скандали и наводни финансиски криминали. Кои, секако дека формално правно не се докажани, оти едноставно овде нема институција која ќе ги докаже. Оттука, директорот на Агенцијата за телекомуникации, со се блиските бандитчиња околу него, по паѓањето на криминалниот режим на Груевски, не само што не одговараат за својата работа во Агенцијата, туку ако сум добро информиран добил преместување од Агенцијата за телекомуникации во драгото ми МЕПСО. Чинам дека во мојата блескава кариера во македонскиот државен апарат на тој директор му бев 5 дена шеф! Потоа јас заминав брзо оти на некои моќни поединци во оваа власт не им чинев, но „човечкото суштество од 200 килограми„ остана без влакно да му фали! Секако темата на овој коментар не сум јас ... Темата е – зголемувањето на платите за 20% во Агенцијата за телекомуникации ... Скандалозно. Деновиве многу се пишуваше на социјалните мрежи. Па има коментари од типот ... Зошто скандалозно, па нека ги зголемат!? Не се финансираат од Буџетот, туку од надоместокот за лиценци на телекомуникациските компании!?! Глупав заклучок ... Прво, ако остваруваат толкав профит во Агенцијата, зошто тој профит не се слее кај граѓаните корисници на услугите од телекомите, на пример, преку намалување на надоместокот што го плаќаме, што ќе рече - да паднат цените. Второ, ако е и одлучено да биде вака, тогаш има најмалку 100 начини како овие средства може попаметно да се потрошат, отколку да одат во плати на вработените таму. Скандалозоно размислување ... Агенциите и Регулаторните тела во крајна смисла се институции на системот (државата). Со остатокот што го прават (огромниот профит) можат да завршат многу проекти со кои ќе се разубави ова усрано општество ... На пример, како енергијата и самосвесната акција што ја покажа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска за проектот за пристојно сместување на децата без родители ... За што сакам лично да и честитам ... Да сум во можност да и дадам орден и тоа ќе го направам. Како Путин што му закачи орден на Вучиќ. Вака со зголемување, на и така огромните плати во оваа Агенција (што ли само работат таму!?!?) овие пари изразени во профити бегаат залудно, неодговорно и скандалозно од финансискиот крвоток на државата ... Овие службеници кои со огромно количество партиски непотизам и партиско тргување под маса, се насадени таму и цицаат од цицката на мршавата македонска држава (читај од сите нас), ги лапаат парите без да заслужат. Оти со ништо не придонесуваат да бидат во супериорна положба во однос да речеме на пазарџиите (паралелна тема деновиве која со сиот жар и оган ја покажува бизарноста и неспособноста на политичките претставници да решаваат проблеми). Додека пазарџиите ги ставија во менгеме да плаќаат такси и придонеси со парите што им се заштедени за да си купат лекови, оти по 15 часа седат на големиот скопски студ и во најзагадената точка на земјината планета со кратко име Скопје, во исто време, во паралелен универзум Агенцијата за телекомуникации ја зголемува платата на своите вработени. Ќе речете што има врска едното со другото? Има, има ... Тоа е отсуство на смисла за реформи, тоа е отсуство на нагон за чесно работење (некој преку надоместоците и на грбот на пазарџиите сака драматично милионски да се обогати) – ало Артан Груби, Бектеши, град Скопје се слушаме ли?!, исто како шушумигите од Агенцијата за телекомуникации). Па не е Агенцијата за телекомуникации НАСА ...! Освен ако е, но ние не знаеме ... И секако скопските пазари не се Њујоршката берза ...
Пазарџиите на тезгите се луѓе кои не сакаат да бидат социјални случаи, не се вработиле во македонската администрација, таа погубна каста за македонската одржлива иднина, и не се штимани да чекаат од државата. Но, тоа, замислете, не го чувствуваат политичарите. Како мршојадци се нафрлаат на оваа, можеби единствено останата оаза на пазарна економија во Македонија.
Пазарџиите!? Мислам дека министерството за економија и Министервото за финансии (предлагачот Артан Груби, пратеник од ДУИ, градот Скопје чинам и тие се предлагачи, ресорен министер Крешник Бектеши, а на крајот, ако треба ќе даночи секако неговото величество Тевдовски), на проблемот со пазарџиите му пристапуваат „инвеститорски„ (демек станува збор за драматично голем бизнис што треба да се стави под капа на државата), што е крајно погрешно ... Тие воопшто не знаат, оти прашање е дали биле некогаш на тезга, има се и сешто (на Груби ли да му објаснуваме што се работи и што има на пазарите низ Македонија) затоа што тој бизнис и потфат е всушност акција на луѓето таму за гола егзистенција. За судбината на оваа категорија граѓани во македонскиот Парламент се дрзнаа да решаваат пратеници, администрација ... Знае ли некој, свесни ли се, на пример, пратениците колку чини една пратеничка фотелја месечно ... Над 1.300 евра чини (платата, самата фотелја бидејќи има амортизација на кожа, на механизам, компјутерот пред нив, микрофонот што го растргаат како ќе им дојде понекогаш помислувам дека ќе го изедат, колку чини оној бизарен среден прст на Васил Пишев, спиењето на дузина пратеници на чело со Амди Бајрам, колку чини нивната немоќ да издржат 8 часа на работа ... Колку ги чини граѓаните фактот што и наспроти високата плата на пратенците за речиси ништо работа, во собранискиот ресторан јадат и пијат најевтино во светот. Ах, за пазарџиите на тезгите зборувавме ... Ех, оваа работа ја работат луѓе кои не сакаат да бидат социјални случаи и не се штимани да чекаат од државата. Но, тоа, замислете, не го чувствуваат политичарите. Како мршојадци се нафрлаат на оваа, можеби единствено останата оаза на пазарна економија во Македонија. Невина, недопрена, некако магична симбиоза меѓу земјоделските производители, кванташкиот пазар и зелените македонски пазари! И оваа рудиментарна форма на македонско пазарно стопанство сакаат да го уништат ... да го сотрат. Оваа категорија граѓани се херои на нашето време. Сум ги почитувал отсекогаш. Многу одважни и храбри. Ова е за огромна почит и е здраво за духот на нацијата! Оти тие, секако не успеале да се вработат во македонската јавна администрација, таа погубна каста за македонската одржлива иднина, но не сакаат да бидат ниту социјални случаи и да чекаат од државата. Стануваат најрано наутро пред да изгрее сонцето, товараат, стигаат на тезгите премрзнати, стојат цел ден, кој знае кај одат во тоалет ... Кафето го пијат исправени на тезгата, бурекот и кифлата ги јадат седнати зад тезгата на завет! Од тие ли дојде време бре Груби да правите пари!?! Момче, тие се големите херои на општеството македонско усрано ... Од нив барајте ги идните македонски капиталисти! Големите капиталисти. Не од овие со кои секојдневно дилате по хотели. И Европската Унија сака тие да испливаат преку реформите на површината. Не вие. Оти, ако не биде така во Македонија веќе не е важно колку ќе заработиш ... што вели еден мој штипјанец – това брат нема значение – Во Македонија е единствено важно дали по пат низ годините здравствено ќе наебеш или не ... И ако оваа состојба не почне да се менува, овде ќе нема минимум причина и потреба да се живее и работи ... Во такви услови Груби ќе нема од кого да наплаќа ... Се ќе наплати, ќе јаде ќе пие, и ќе се здебели на 200 килограми како оној од Агенцијата за телекомуникации и ќе лечи хемороиди на новата фотелја во МЕПСО.           [/freetext]

Viewing all articles
Browse latest Browse all 77

Trending Articles