Quantcast
Channel: КАПИТАЛ »Коментари и анализи
Viewing all articles
Browse latest Browse all 77

МакедонАц, какво става бе?

$
0
0

Zikov-kolumna

zikov za kolumna-2За спас на Договорот со Грција и фаќање на роковите можеби излезот е во тоа да се обидеме да одработиме Алексис Ципрас да победи на грчките предвремени избори догодина! И Македонија, и ние во неа, да добиеме нови рокови на цекање. Велешани кои го донесоа Трамп на власт можат да ја завршат оваа работа
Какви сме килави во идеите и брилијантни во деструкцијата драги мои, заслужува еден коментар и малку зезање се разбира. На пример, ова со предложеното тајно гласање во Парламентот! Владејачкото мнозинство, а и ние добро намерните за македонската иднина, сметаме на 80 пратеници преку тајно гласање! Видете, може да бидат 80 пратеника, ама може и 50 пратеника! Тајно е … Зошто мислат СДСМ  ДУИ дека ќе имаат 80 пратеника!!?? Овде по долината на Вардар никогаш за ништо не можеш да бидеш сигурен! Секогаш има некој што може повеќе да плати!? Оттука, баш заради тоа какви сме блесаво неспособни … за спас на Договорот со Грција и фаќање на роковите можеби излезот е во тоа да се обидеме да одработиме Алексис Ципрас да победи на грчките предвремени избори догодина! За таа цел, целиот Велес мора да се вклучи во овој проект ... Многу е важно тоа! Ако можеа за Доналд Трамп да одработат, тогаш сигурно ќе можат и за Ципрас! Што добиваме сите ние во ваквото сценарио? Секако дека не добиваме НАТО и ЕУ! Ние јадни ќе добиеме нови рокови! Па има ли нешто поубаво, пак, да ги ладиме по кафеани чекајки ги во блуз амбиент новите рокови! А? Примамливо а? Да ама среден прст пријателчиња ... Знаете што е среден прст? Драги мои, ќе ми дозволите, ама време е да си кажеме нешто “и у фаца”, што би рекол нашиот народ. Оти помина времето за правна елаборација на она што се случи во неделата на референдумот. За мене, и илјадници како мене, референдумот е успешен (објаснив зошто повеќе пати деновиве по телевизиите и на социјалните мрежи). Но, сега е време да се искоментира односот на многумина овде, кон референдумот! Овој народ, или граѓани, и партиите кои го водат, како сакате, излишна е правната и политичка коректност во моментов, во неделата покажа уште еднаш, по кој знае кој пат во историјата – отсуство на чувство за историски момент! Да дозволите ден по референдумот Вучиќ да ви да ви се смее среде Москва (еејј Вучиќ), тоа е потврда за таа колосална заслепеност и отсуство на нагон за “држатворен резон” на ова население од сите етнички врсти низ долината на Вардар, заробено во сопствените историски митови, басни, трачеви, патетични вицеви и сеир кажани на патетични утрински дружења, пропратени со евтините телешките чорби, изедени и, да ми простите, испрдени од демек прогресивната млада, и стара менаџерска и интелектуална структура - македонска јебо те бог, заседната од 8 наутро, до пладне, која во суштина ништо не работи само паламуди по кафеани, и удавена во чорбестите миризби и политички сеир македонски... Да шлапате цел ден по Дебар маало, и другите демек градски маала низ Македонија за тоа каков ќе биде референдумот, да очекувате тендери од актуелната влада, и од сите влади наназад, оти само така знаете да работите (и тоа вие нели го нарекувате бизнис, а? шупелки едни), а да не излезете да гласате за иднината на државата која треба да ви донесе уште ист таков бизнис со кој цицате од телото на оваа јадна земја која, како што гледате останува секојдневно, без главниот услов да ве запишат во ООН како држава - НАРОДОТ!? Алооо,  тоа е “недостаток на чувство и за себе, и за семејството и за државата во која правите пари, и егзистирате. Да тргнеме со ред!
Бојкотираше ВМРО ДПМНЕ, но не излезе и голем дел од СДСМ!?
Знаеме дека ВМРО ДПМНЕ организираше бојкот, и така ќе остане запишано во поновата македонска историја, што значи знаеме кој бојкотирал таму! Но, дали СДСМ се проброја и заклучи кој бојкотирал кај нив!? И зошто? Ќе ви кажам нешто ... Да може да се отворат листите, и да се види кој се не гласал на референдумот од таканаречените видни сдсмовци, потоа врвни интелектуалци кои добиваат грантови што од државата што од странски невладини организација, и само од тоа килаво живеат, како и врвни бизнисмени кои милуваат да се пувкаат по кафански маса чекајќи бизнис од државата ... Еј дечки, коса ќе ви се крене на галавата! Ве уверувам во тоа ... Значи тука барајте го проблемот ... Никаде на друго место. Се виде тоа од резултатот на референдумот, кој, сепак, ќе повторам, и покрај сиот дефетизам и ова што погоре го напишав, на крај остана позитивен и добар! Ако се знае дека половина од населението на оваа држава одамна се иселило. Само партиско - политичките елити (Македонци и Албанци од сите партии) како ноеви, со главите во земја закопани, упорно не сакаат тоа да го признаат, оти тие се директната причина за исселувањето на македонската популација во сите 27 години независна Македонија. Ај што не признаваат, но и не го решаваат проблемот. Зошто не го чистат списокот, и не прават попис?! Или зошто списокот не го ЧИТААТ КОРЕКТНО! А многу е просто. Од референдумот во 1991 година до денес, во Македонија на ниедни избори не излегле повеќе од 1,2 милиони граѓани. Ако е така, а поинаку не е, тогаш за каков неуспех на референдумот зборуваме со 650.000 излезени и 609.000 “ЗА”. Па излезноста е далеку над 51%!  Друг е муабетот што тој резултат можеше и мораше да биде далеку поубедлив ... И за тоа денес пишувам.
Моето мислење е дека клиентелистите од двете најголеми македонски партии, оние “чекачи на коруптивни услуги” од партиите и владите, тие не излегоа на гласање. Во ВМРО-ДПМНЕ речиси сите се такви (ги сомле 11 годишното бизарно владеење незапаметено во поновата европска историја). Поради криминалите и корупцијата денес се во опозиција, и по судови се разбира, а наскоро и по затвори...!? Во СДСМ таа клиентелистичка група во моментот поседува одмазднички нагони заради незавршени договори од типот на “завршување” како во времето на ВМРО- ДПМНЕ... Во најголем дел.
Моето мислење е дека клиентелистите од двете најголеми македонски партии, оние “чекачи на коруптивни услуги” од партиите и владите, тие не излегоа на гласање. Во ВМРО-ДПМНЕ речиси сите се такви (ги сомле 11 годишното бизарно владеење незапаметено во поновата европска историја). Поради криминалите и корупцијата денес се во опозиција, и по судови се разбира, а наскоро и по затвори ...!? Во СДСМ таа клиентелистичка група во моментот поседува одмазднички нагони заради незавршени договори од типот на “завршување” како во времето на ВМРО- ДПМНЕ ... Во најголем дел. Она што е страшно и кај едната и кај другата група постои отсуство за тоа во каков историски момент се наоѓа државата. Само суета, егоизам, алчност ... После 27 години се уште, по сите завршени приватизации, продажби на државен имот со мрсни провизии ставени во приватни џебови, со банкарски афери и испумпани пари ... по толку години креирање на таа деструктивна групација, која како камен околу вратот ја дави секојдневно Македонија ... Сега кога конечно треба државата да ја овериме, тие ја пуштаат назад на “балканскиот астал каде секојдневно се колат волови за добро печени бифтеци”! Таму и било местото на Македонија! Не ќе да е така! Оттука, во суштина, најголемиот заложник после рефередумскиот ден се слободоумните, младите луѓе, перспективните личности со силни нагони за градење и создавање! Ги има многу, но и многу на кои одамна куферите им се подготвени за заминување! Знаете ли колку од нив со каква жар го чекаа денот на референдумот! Знаете ли!? Како ќе ја спречите да замине оваа елитна група македонски мотивирани мозоци толку потребни за перспективната иднина на Македонија!? Ајде Христијан Мицковски кажи нешто момак!? ТИ кој се удираш во професорските гради, и секој ден раскажуваш политички басни за волкот и овците, кои и не се многу поврзани, оти не знаеш да ги поврзеш во логична целина ... Знаеш ли ти претседателе на ВМРО ДПМНЕ, заедно со “Бачевич, Грчевич и остале у бојкоту, и остале такве у СДСМ-у”, што направивте во неделата!? Не знаете ... Оти тоа не допира до вас ... Вие за власта полна со кеш се борите! Но, ајде сега да видиме на овој план околу власта! Каква ви е перспективата!?
Две сценарија за Македонија да оди напред!
Всушност има неколку сценарија, но две од нив ги издвојувам за посериозни ... Првото сценарио се итни предвремени парламентарни избори. И предизборна колација меѓу СДСМ и ДУИ, заедно со други коалициони партнери! Коалиција за Европска Македонија ... Таквата коалиција има капацитет да освои најмалку 80 пратеника, и потоа Договорот со Грција да биде изгласан во Парламентот. Можен негативен развој би бил евентуалниот бојкот на таквите избори од страна на ВМРО ДПМНЕ под изговор дека тие барале пржинаска влада до изборите, ама не ја добиле ... Моментот во кој Македонија се наоѓа бара брзи избори. Од едноставна причина ... Таман и СДСМ денес да рече дека Договорот со Грција пропаѓа ... избори мора да има оти едноставно со ваков парламентарен состав реформи не можат да се тераат. Дали ДУИ прифаќа избори? А зошто не би во предизборна коалиција!? Нели Албанците се за брза европска и НАТО интеграција!? На референдумот покажаа дека речиси само тие се хомоген кампус на гласачи со идеја и визија каде одат и што сакаат! Всушност, така е цело време во овие 27 килави години на македонска независност. На Бујар Османи не можеш да му се наслушаш колку убаво и течно зборува и резонира за иднината на Македонија! Ова сценарио би гарантирало држење до роковите за Договорот со Грција и успех на целиот процес кој треба да заврши со формален влез на Македонија во НАТО и отворање на преговорите со ЕУ. Второто сценарио би било, пратениците на ВМРО ДПМНЕ и нивниот лидер Мицковски, со се поранешниот лидер Никола Груевски, да бидат охрабрени да разберат во каква состојба се наоѓа Македонија, нивната партија, и, се разбира секој од нив поединечно! И да гласаат во корист на уставните амандмани во Парламентот. Како да разберат и дали е тоа можно?! Прво, да видиме за што се борат во моментов ... Мое мислење е дека нив, во моментов, најмалку ги интересира Македонија, и нејзината иднина. Тоа не ги интересира. Мислам дека посилна е желбата за власт, и евентуално спас на Груевски и министерската и директорската елита од претходната власт, да не одат во затвор ... Ако е тоа така, а мислам дека е така, и тоа не само јас, туку веројатно 90% од сите што го следиме македонскиот процес и сите негови дебакли, тогаш дали тие имаат игра!? Да. Каква е таа игра? Едноставно ТИ за да оствариш власт во иднина, мора да останеш во политичата игра. На сцената ... Ако не останеш, ќе бидеш збришан на подолго време ... Во таква политичка криза, што ТИ си ја предизвикал, со твоите деструктивни идеи, на власт, во Македонија не можеш да се вратиш практично никогаш, оти ова е 21 век, и Македонија, и тогаш, по паѓањето на Договорот со Грција, ќе има евроатлантски аспирации, само што ТИ и ВМРО ДПМНЕ ќе бидете означени од европските институции и политички елити како антиевропски сили, некоја “квази крајно десничарска партиска банда” која со факели запалени по два метри, ќе продолжи да оди по митинзи пеејќи ја “Гоцевата раса” и “Едно име имаме ...”. Дефетизам и изолација. Ти текнува? Еве ти сега од мене еден бесплатен кризен менаџмент за твојата неодбранлива дефетистичка политика. Значи, која ти е играта? Да гласаш ЗА уставните амандмани во Парламентот! Договорот да помине, Македонија да влезе во НАТО, и да почне преговори за ЕУ. Потоа, барај избори, на кој ќе имаш и алиби, и политички коректна и логична позиција да критикуваш се, како што си тргнал, па и Договорот со Грција, ако сметаш дека ќе ти биде од корист. Алоо, размисли! Како што тоа го прави “братучед ти” Киријакос Мицотакис! Учи малку политика! Разбираш Блажо ...! Ако разбираш ...

Viewing all articles
Browse latest Browse all 77

Trending Articles